ДАЛИ ЈА ПРЕПОЗНАВАТЕ? Пенелопе Круз со сосема нов имиџ (ФОТО)

popara5 март, 20241min00
Пенелопе Круз

Пенелопе Круз е жена која неколку пати официјално ја добива титулата најубава на светот. Зад неа секогаш стоеја светски убавици, но сега таа изгледа сосема поинаку. Актерката на ревијата на „Chanel“ во Париз се појави со нов имиџ. Таа реши да ја скрати косата и да направи прамени, а фризерите веќе посочуваат дека оваа фризура е одлична за пролетните денови кои доаѓаат.

Кога станува збор за модниот стил, Пенелопе отсекогаш избирала сигурни комбинации со кои не може да погреши. Ја видовме на црвените тепих во едноставни, елегантни и монохроматски комбинации, а најновото издание докажува дека актерката решила да излезе од својата комфорна зона. Таа се појави во кожен комплет составен од блејзер и здолниште над колена.

За стајлингот да биде уште поинтересен, Пенелопе комплетот го спои со жолт џемпер со бела јака, парче кое е многу популарно оваа сезона. Многу обожаватели го коментираа необичниот жолт појас, за кој истакнаа дека  само на Пенелопе може така убаво да и изгледа. Кога станува збор за обувките, таа се одлучи за класични црни сандали, а како аксесоари имаше чанта „Chanel“ и гломазни очила. Како ви се допаѓа новиот имиџ на Пенелопе Круз?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag