ДАЛИ ЉУБОВТА БРОИ ГОДИНИ? Ова е идеалната разлика меѓу партнерите, тврдат истражувачите

popara10 јули, 20241min00
707596_leo_f

Истражувањата тврдат дека ова е идеалната разлика во годините доколку сакате успешна врска, или подобро кажано – помалку е повеќе…

Луѓето често велат дека љубовта е слепа, но според новото истражување, разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врската помеѓу двајца луѓе. Концептот на запознавање со некој значително помлад или постар сè уште е контроверзен, како за тоа сведочат многу славни парови.

Помладите девојки на Леонардо Ди Каприо, кој е познат по тоа што не излегува со постари од 25 години, или Роберт Де Ниро, кој неодамна доби дете во осумдесеттата година со својата девојка Тифани Чен, која има 45 години, се актуелни теми во светските медиуми и на социјалните мрежи.

Тука е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој има 45 години, а кога беше избран на функцијата во 2017 година, најмногу се зборуваше за бракот со Брижит Троње, која денес има 70 години и е 25 години постара од нејзиниот сопруг.

Идеална разлика во годините е една година?

Иако секогаш има исклучоци, студија спроведена од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во годините можат да бидат проблем во врската, однсно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, поголеми се шансите за раскинување, пренесува „Index Magazin“.

Истражувањето, кое опфатило 3.000 испитаници, покажало дека паровите со петгодишна разлика имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од паровите на иста возраст. Интересно е што таа бројка скокна на 39 отсто за парови со разлика од 10 години.

За оние со 20 години разлика во возраста, истражувањето предвидува дека постои 95 проценти веројатност да раскинат. Која би била идеалната разлика во годините? Научниците сметаат дека најмали шанси да раскинат имаат парови со разлика во возраста од само една година, односно само три проценти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag