Две кришки шунка дневно може да го зголемат ризикот од дијабетес: Шокантни резултати на истражување

popara22 август, 20241min00
98232_shutterstock-2484225945_f

Јадењето преработено и црвено месо може значително да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2. Најновата студија покажува дека дури и две кришки шунка дневно може да го зголемат ризикот за 15 проценти. Истражувањето кое го спроведоа експерти од Универзитетот во Кембриџ и опфати два милиони луѓе ширум светот, дава најсеопфатен доказ за поврзаноста на црвеното месо со зголемен ризик од дијабетес, пренесува Гардијан.

Над 400 милиони луѓе на глобално ниво страдаат од дијабетес тип 2, што може да доведе до слепило, откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутации на долните екстремитети.
Резултатите од студијата ја нагласуваат важноста на правилната исхрана во превенцијата од оваа болест. Се препорачува да се намали потрошувачката на преработки од месо, како и непреработено црвено месо.

Истражувачите откриле дека консумирањето 50 грама преработено месо, што е еквивалентно на околу две кришки шунка дневно, го зголемува ризикот од дијабетес тип 2 за 15 отсто во следните десет години. Исто така, конзумирањето на 100 грама необработено црвено месо дневно, што е со големина колку мал стек, го зголемува тој ризик за 10 проценти.

Експертот од Универзитетот Астон, Дуан Мелор, советува умерено консумирање месо за да се намали ризикот од дијабетес тип 2 и препорачува исхрана богата со зеленчук, овошје, јаткасти плодови, семки, грав и други видови леќа.

„Дополнително, важно е редовно да вежбате за дополнително да го намалите ризикот од развој на дијабетес тип 2“, вели Мелор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag