Војвотката од Сасекс Кејт Мидлтон ја помина неделата со своето семејство во Балморал, каде им се придружија кралот Чарлс, кралицата Камила и остатокот од семејството. Нејзиното присуство на миса предизвика бројни коментари поради необичниот избор на облека за овој период од годината.
Кејт пристигна во Балморал со принцот Вилијам и синот Џорџ, а нејзиниот моден избор привлече внимание. Таа носеше долг кафеав Холанд Купер капут кој веднаш се распродаде и капа Хикс и Браун со пердув.
Иако нејзиниот изглед беше популарен, многумина се прашуваа зошто сите членови на семејството се облечени како есента веќе да пристигнала во Велика Британија. Еден корисник на социјалните мрежи праша дали е секогаш студено во ОК.
За разлика од Лондон, каде просечната летна температура е околу 23 степени, во Абердиншир, каде што се наоѓа Балморал, температурата била помеѓу 9 и 16 степени, што го објаснува есенскиот изглед на семејството.