Деновиве на Нетфликс излезе новата криминалистичка серија со Кира Најтли: „Black Doves“: Фалена и возбудлива

popara6 декември, 20241min00
m_35837829_1280

Нетфликс ја опишува својата нова серија, која пристигна на платформата за стриминг во четврток, 5 декември, како „шпионска серија од шест епизоди со Кира Најтли и Бен Вишоу во главните улоги како неверојатно дуо шпион-убиец што испорачува напнати глобални интриги, британски хумор и тепачки со ножеви и доза празничен (или анти-празничен?) дух“. Станува збор за уште едно напнато дело, чие дејство се случува за време на божиќните празници, а го напиша Џо Бартон (Гири/Хаџи).

Сместен во божиќната атмосфера на Лондон, „Black Doves“ е остра, акционална и емотивна приказна за пријателството и пожртвуваноста. Ја следи Хелен Веб (Кира Најтли), духовита, приземна и посветена сопруга и мајка – но и професионална шпионка. Таа 10 години ги пренесува тајните на нејзиниот сопруг, политичар, на тајната организација за која работи: Црни гулаби. Кога нејзиниот љубовник Џејсон (Ендру Који) е убиен, нејзиниот шеф, мистериозната Рид (Сара Ланкашир), го повикува стариот пријател на Хелен, Сем (Бен Вишоу) да ја заштити.

image

Сем Јанг (Бен Вишо) е шармантен убиец кој сака шампањ. Но, откако се повлекол од играта поради неуспешна мисија со катастрофални последици, тој се врати во Лондон. Бидејќи неговото минато се заканува да го достигне, неговата мисија е да ја заштити Хелен додека истражува кој и зошто го убил Џејсон. Заедно, тие откриваат огромна, меѓусебно поврзана завера што го поврзува мрачното подземје на Лондон со претстојната геополитичка криза.

Критичарите, кои веќе ја гледале серијата, многу ја фалат. Така L.A. Times ја нарекува „празничен трилер со душа“, Vanity Fair ја пофалува дека е „освежувачкиот поглед на шпионската приказна“, а The Daily Beast серијата ја нарекува „новата телевизиска зависност“. Затоа викендов подгответе ги пуканките и уживајте во нив со навистина добра серија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag