Ако сакате да имате што помалку брчки и убав чист тен, треба да живеете здраво. Тоа значи дека треба да спиете 7-8 часа секоја вечер, да избегнувате цигари, алкохол, слатки и газирани пијалоци, редовно да вежбате, да се грижите за вашата кожа и редовно да посетувате козметичар. Сепак, сето тоа не е доволно за да се ублажи борбата со годините. Потребно е да се зајакне кожата со воведување на два суплементи, кои и се неопходни на кожата како што старее, вели д-р Дебра Јалиман, дерматолог од Њујорк. Тоа се витамин А и колаген.
Витамин А
Неопходно е да се зајакне кожата и да се намалат знаците на стареење. Може да се земе како таблета или да се нанесе на кожата како крем или серум. Витаминот А ефикасно го поттикнува производството на колаген и формирањето на еластин, што помага во обновувањето на кожата.
Колаген
Тој е одговорен за еластичноста на кожата и може да се зема како додаток, а го има и во многу намирници. „Губењето на колаген започнува од 21-та година, а до 40-тата година жените губат меѓу 10 и 20% од колагенот, а потоа 1%“, вели докторката. Сепак, таа забележува дека и по 40-тата година ние сепак можеме да имаме сјајна кожа ако го пиеме колагенот во вид на додаток и го внесуваме преку храната (јајца, пилешко и бобинки).