Манекенката Жизел Бундшен го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи со едно од најпровокативните изданија досега. Таа му се заблагодари на магазинот „Pop“ за пријатната соработка.
Бундшен позирала во костим за капење со животински принт и изрези и отворени сандали.
„Не ми се верува дека снимивме 13 фотографии за 3 часа. Ова беше рекорд за мене. Ви благодарам што дојдовте во Мајами и добро се забавувавте со мене“, навела таа.
Како и секогаш, во коментари следеле бројни пофалби од нејзините фанови.
„Ти си дефиниција за супермодел“, „Една и единствена“, „Прекрасна како и секогаш“, „Природна и совршена жена“, се некои од нив.
Манекенката се разведе од Том Брејди во октомври 2022 година. Во последното интервју Жизел призна дека сè уште ѝ е тешко поради разводот, иако сега е во врска со тренерот Хоаким Валенте.
„Ова е првпат да се забавувам со некој кој претходно ми бил пријател. Многу е поинаку. Искрено е и транспарентно“, раскажала таа.
Жизел и Том беа во брак 13 години. Тие имаат две деца – синот Бенџамин и ќерката Вивијан.