Дивата шокираше со хигиенските навики: Холивуд е опседнат со ботокс, а таа одбива и основна нега на лицето

popara2 септември, 20241min00
image_2024-09-03_061708749

Камерон Дијаз, покрај тоа што на 50 години го привлече вниманието на улогата на мајка, ги редефинира и стандардите за убавина. Ова вклучува не само одбивање на естетска хирургија, туку и најосновна нега на лицето.

– Буквално ништо не правам. Не се мијам, не го чистам лицето. Можеби два пати месечно. Едноставно е, но функционира – рече таа.

Давањето приоритет на работите е важно за Дијаз, а како што наведува „не сака да троши енергија и време за изгледот“.

Дивата призна дека во минатото се согласила на наметнати притисоци од општеството.

– Бев жртва на секаква општествена објективизација и експлоатација на која се изложени жените. Помалку сум токсична откако го напуштив Холивуд – додала таа.

Ѕвездата на „Чарлиевите ангели“ не крие дека пробала се, вклучувајќи ги и достигнувањата на естетската медицина. Но, резултатот од некои корекции не и се допадна.

– Ботоксот ужасно ми го изобличи лицето. Не сакав да изгледам така. Подобро да стареам природно отколку да се будам со лице кое не ми припаѓа. По ова лошо искуство, ги засакав моите брчки. Не ми пречат, напротив. Докажуваат дека цел живот сум се смеела, дека сум среќна и задоволна. Ние сме во нашето тело од првиот ден до последниот, а сепак знаеме толку малку за тоа. Знаењето е моќ – заклучува актерката која отворено проговори за проблемите со исхраната со кои се соочувала долго време.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag