Веројатно сте пробале секакви диети. Но знаевте ли дека најефективен начин на слабеење е ако значително го зголемите внесот на водата во организмот.
Диетата со вода е најефектен и најевтин начин на слабеење
Неколку нови и постари истражувања покажуваат дека секоја диета е далеку поефикасна, а килограмите значително побрзо се топат доколку значително го зголемите внесот на вода. Имено, испитаниците што пиеле две чапи вода пред оброкот во периодот кога биле на диета, изгубиле повеќе килограми од оние што не го правеле тоа.
Истражувањата покажуваат дека водата не само што ја згаснува гладта, туку и ситоста што ја дава е најважниот фактор да ја издржите диетата. Но и самото пиење на вода го зголемува трошењето на енергија во телото, со што го забрзува процесот на слабеењето.
За побрзо слабеење се препорачува внес на најмалку 2,5 литра вода дневно. Најделотворна е кога е на собна температура, минерализирана, но не и газирана. Најдобро е да се консумира една чаша вода веднаш по станувањето од кревет, наутро, и пред секој оброк да се консумираат по две чаши вода, а другото неопходно количество да се внесува во текот на целиот ден, постојано во мали голтки.
При диета дополнета со физичка активност или при држењето диета во летните топли месеци неопходно е внесот уште повеќе да се зголеми, односно водата да се консумира во количество од 50 грама по килограм. Значи доколку имате 70 килограми да внесете најмалку 3,5 литри вода дневно.
Најпосле, консумирањето големо количество вода во текот на денот има и превентивна моќ против појава на дијабетес и бубрежни камења и тогаш кога не сте на диета.