Диета со ЈАГОДИ, одлична пред лето – До 3 кг помалку!

popara27 март, 20241min00
profimedia-0529651062

Црвеното овошје значајно го забрзува метаболизмот, па затоа е одличен брз план за слабеење.

 

 

 

 

Јагодите како највкусен претставник на црвеното овошје ја имаат способноста за само 4 дена да ве ослободат од 3 килограми.

 

Важно е плодовите да бидат свежи и зрели за ефектот да биде најдобар.

 

За диетата е неопходно да имате и блендер, кој го забрзува процесот на подготвување на оброците и помага истата побрзо да се свари.

 

1 ден

 

Појадок: Овошна салата од 250g јагоди, ½ јаболко и ½ банана. Овошјето исечкајте го во длабока чинија, а потоа додадете 50ml јогурт и 1 лажица мед.

 

Ужина: Шејк од 100g јагоди, 1dl немасно млеко, ½ лажичка мед и 50ml негазирана вода.

 

Ручек: Салата од 150g јагоди, парче пилешки гради, 100g краставица, 300g шпаргла, 10g магдонос, 20g мелени ореви, лажица сок од лимон, 6 лажици супа од зеленчук како прелив и лажица маслиново масло.

 

Ужина: 1 шолја јогурт со 100g јагоди и 1 лажичка мед.

 

Вечера: Салата од 1 голем компир, главица ситно сечкан кромид, мал целер, 1dl јогурт, 50g немасно сирење и магдонос по желба.

 

 

2 ден

 

Појадок: 2 парчиња интегрален леб премачкан со нискомаслено крем сирење.

 

Ужина: Пире од 200g јагоди помешано со уште неколку шумски плодови (малини, капини, боровинки) плус лажичка мед.

 

Ручек: Салата од 100g јагоди, половина зелена салата, домат, пиперка, немасно сирење (50g), половина шолја јогурт, сок од лимон и 1 парче интегрален леб исечен на коцки.

 

Ужина: Шејк од сок од јагоди, немасен јогурт и сок од ананас.

 

Вечера: Палачинки печени во тефлонска тава, полнети со крем од изгмечени јагоди, младо сирење и лажица мед.

 

3 ден

 

Појадок: Овесна каша со  ½ dl сок од јаболко, ½ банана и 100g јагоди.

 

Ужина: Шејк од јагоди, подготвен како првиот ден.

 

Ручек: 200g свежи јагоди и половина сварен карфиол, премачкан со лажица путер.

 

Ужина: Мешавина од 1dl сок од портокал и 100g јагоди. Додадете лажичка мед по вкус.

 

Вечера: Направете пире од 1 морков и 1 варен компир, додајте малку вода и лажица путер, па смесата ставете ја во тава за печење. Преку него ставете домати и пиперки исечени на парчиња и печете 15 минути. На крај прелијте со сок од домати и малку нарендан пармезан. Како десерт изедете 100g јагоди.

 

 

4 ден

 

Појадок: 2 парчиња интегрален леб со намачкано немасно сирење и 50g јагоди.

 

Ужина: Шејк од 1 портокал, јаболко и 100g јагоди.

 

Ручек: Динстана пастрмка со кромид, зачинета со магдонос и парчиња лимон. На рибата може да ставите и малку сенф, а за десерт каснете 50g јагоди.

 

Ужина: Во блендер измешајте 150g јагоди, лажичка мед, сок од 1 лимон и 1dl вода. Плус, може да додадете 50ml немасен јогурт.

 

Вечера: Испечете 1 поголем компир во рерна, а во меѓувреме во блендер направете мешавина од свеж морков, пиперка, лист целер и сок од лимон. Посебно промешајте неколку поголеми јагоди, 50g немасно сирење и 1dl јогурт. Печениот компир јадете го со овие сосови.

 

 

Пролетен еликсир за слабеење кој може да го пиете додека ја држите диетата:

 

Помешајте 1 шолја свежи и исчистени јагоди со ½ литар вода и оставете ја течноста неколку часа во фрижидер. Пред да се напиете може да додадете неколку листови нане, малку лимон и коцки мраз.

 

Овој пијалак ќе ве освежи и ќе ви даде чувство на ситост, а истовремено делува како еликсир заради антиоксидансите со кои се богати јагодите. Плус, доволна ви е една доза за да внесете задоволувачка количина на витамин Ц, железо и фолна киселина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag