Таа неколку месеци ја чуваше во тајност информацијата за свршувачката со Лорис Кариус, се со цел да не го засени најважниот настан во животот на младиот пар. Имено, во август 2023 година, италијанскиот репортер и германскиот фудбалер го добија своето прво дете, ќерката Арија.Спортската новинарка Дилета Леота откри дека се свршила со својот партнер, германскиот фудбалски голман Лорис Кариус. На својот Инстаграм профил, каде има повеќе од девет милиони следбеници, таа сподели фотографии на кои гордо го покажува свршеничкиот прстен, а воедно призна дека среќната вест ја криела од јавноста со месеци.
„Реков да! Чекав неколку месеци да ви кажам бидејќи Лорис и јас сакавме да бидеме фокусирани на нашите емоции кон нашата Арија и нејзиното раѓање, но сега конечно сме подготвени да се посветиме на нашата нова голема цел заедно, и како семејство. “, напиша таа.
View this post on Instagram
“Дали го знаете изразот – кога сте среќни, обрнете внимание? Во моментот снимен на овие фотографии, јас бев најсреќната жена на светот, со Лорис и Арија на пат”, додала италијанската репортерка која се породи во август 2023 година.
View this post on Instagram
„Ти си најубавиот подарок што некогаш можевме да го посакаме“, напиша таа на денот кога се породи покрај неколку фотографии со новороденото бебе и нејзиниот партнер. Ова им е прво дете, а познатата новинарка на својот роденден се породи. Двојката ја потврди врската на почетокот на 2023 година на новогодишната прослава, а неколку недели подоцна почнаа и првите шпекулации за бременоста на познатата новинарка, кои на крајот се покажаа како вистинити. Многумина сега се прашуваат кога среќната двојка ќе се венча. Засега не ја открија таа информација.
.