Една од најпознатите холивудски актерки, Џенифер Анистон, предизвика вистински хаос на доделувањето на SAG наградите.
Холивудската ѕвезда се прослави со улогата во култниот ситком „Пријатели“, а својата блескава кариера продолжи да ја гради и на малите екрани и во бројни филмски продукции, а набрзо стана една од милениците на народот и публиката.
Сепак, Џенифер Анистон често беше во центарот на вниманието поради приватниот живот, а најновите шпекулации ги започна со дијамантски додаток кој го додаде во својот стајлинг на неодамна одржаната церемонија на доделување.
Таа на црвениот тепих се појави во тесен сребрен фустан, но најголемо внимание не привлече нејзиното длабоко деколте, туку големиот дијамантски прстен кој блескаше на нејзината рака.
View this post on Instagram
Иако јавно не го коментира приватниот живот, се чини дека актерката повторно си ја најде среќата, судејќи по прстенот кој го понесе со себе. Со оглед на тоа дека досега најчесто излегуваше со познати мажи, извор близок на актерката неодамна за „Heat World“ откри дека таа сега одлучила да тргне во друга насока.
„Џенифер отсекогаш излегувала со актери и музичари,тие се нејзиниот тип. Сега, сепак, вели дека сака да ја скрши својата шема, да проба нешто сосема ново и да го запознае спротивниот тип. Таа дури вели дека е отворена за занаетчии – ѝ се допаѓа идејата човек да гради нешто со свои раце. За неа тоа е супер-се**и“, вели изворот.
“Таа навистина сака да запознае некој целосно приземјен, и – што е најважно – некој што не е во индустријата. Таа заврши со холивудските момчиња.Џенифер веќе не може да се справи со сето тоа его и претенциозност“, додава тој.
Познато е дека Џенифер зад себе има два брака кои завршија со бурни разводи при кои страдаше актерката, кои само ја подигнаа во очите на нејзината публика.
Врската со холивудскиот заводник Бред Пит ја започна во 1998 година, а две години подоцна решија да се венчаат,брак кој што заврши неславно во 2005 година. Џенифер всушност се обидувала да забремени во времето кога нејзиниот сопруг работел на филмот „Господин и г-ѓа Смит“ со неговата колешка, младата Анџелина Џоли, во која се вљубил, што довело до развод од Анистон иако Пит тврдеше дека никогаш не ја изневерувал.
По неколку врски со познати колеги, Џенифер започна врска со Џастин Теру во 2011 година. Тие се свршија помалку од една година откако почнаа да се забавуваат, а се венчаа три години подоцна. По пет години брачна идила, парот реши да стави крај на оваа врска.
И додека во медиумите се шушкаше за причините за нивната разделба, двете страни одбија да коментираат на темата, а беше наведено само дека се надеваат дека ќе останат во добри односи. Холивудските гласини, меѓу другото, наведуваа дека Џастин ја користел Џенифер само за слава и богатство.