Ди Каприо и Џерард Батлер ја претставија оваа недофатлива романска убавица на нивните семејства: Која е Мадалина Џенеа?

popara27 јуни, 20247min00
Мадалина

Ја нарекуваат најфаталната жена на 21 век.

Мадалина Дијана Генеа е романска актерка и модел, која својата кариера ја започна како тинејџерка. На само 15 години ја забележала агенцијата за модели „Gattinoni“ во Милано, а сега на 36-годишна возраст може да се пофали со холивудските улоги, пред се со улогата на Софија Лорен во филмот „Куќата на Гучи“.

Нејзината манекенска кариера ја „водеше“ на сите континенти, а по Европа брзо се пресели во Америка, Азија и Африка. Сепак, таа се здоби со светско признание во 2007 година кога се појави во спотот на Ерос Рамакоти.

Холивуд ја забележа во 2013 година, а првата улога ја одигра покрај Џуд Ло. Три години подоцна, таа беше домаќин на култниот фестивал во Сан Ремо.

– Многу сум резервирана, независна и амбициозна. Да направев компромиси во мизогински свет, ќе успеев многу побрзо – рече таа.

 

Нејзината убавина ги интригира медиумите ширум светот, а на оваа егзотична жена не останаа имуни ниту холивудските заводници. Мадалина се забавуваше со Леонардо ди Каприо во 2011 година (а потоа стана премногу стара за него). Но, сигурно е дека Леонардо сериозно размислувал за врска со неа бидејќи роденденот го прославил во друштво на најблиските пријатели и неговата мајка, а евидентно е дека тие се запознале.

 

Една година подоцна ја „утеши“ колегата на Лео – Џерард Батлер, но ниту со него не можеше да се скроти, иако парот беше многу заљубен.

– Кога првпат се сретнавме, во Њујорк, заеднички пријатели ме предупредија дека е женкар. Следниот ден откако се запознавме, тој дојде во Милано. Тој е многу романтичен, што да правам? Влета најфасцинантниот човек на планетата со букет цвеќе во раката. Набргу потоа отидовме во Шкотска да ја запознаеме неговата мајка. Сакам да имам дете со него што е можно поскоро изјавила Мадалина.

Сепак таа не доби дете со Џерард Батлер туку со романскиот милионер Матеа Стратан во 2017 година.

Минатата година како бомба одекна веста дека манекенката раскинала со тенискиот ас Григор Димитров.Шпекулациите за нивната врска започнаа неодамна, а сега Мадалина појасни дека поминале шест години заедно:

– Чувствувам дека е вистинско време да разјаснам дека јас и Григор решивме да тргнеме по својот пат. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност и не верувајте во она што е објавено во медиумите. Многу сум благодарна за времето што го поминавме заедно како драги пријатели и како партнери во последните 6 години. Поради нашите тешки распореди, раскинувањето беше единствениот начин – изјавила таа, а пренесува “Sportskeeda”..

Сепак, медиумите објавија сосема друга причина за раскинувањето – одбивањето на Григор да и даде на Мадалина половина милион евра за сопствен бизнис.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag