Додека Кејт се лечи од рак, принцот Вилијам го прославува роденденот: Еве со која светска ѕвезда го помина денот

popara23 јуни, 20247min00
91794_profimedia-0883922055_f

Принцот од Велс го прослави роденденот без сопругата Кејт Мидлтон, која се лекува од рак, како што пренесува People.
Вилијам инаку го прослави својот 42-ри роденден, кој веројатно му беше најтежок досега, со оглед на тоа што неговата сопруга Кејт и неговиот татко кралот Чарлс се лекуваат од рак. И двајцата на емотивен начин му го честитаа роденденот на британскиот престолонаследник.

Најпрво на официјалниот профил на принцот и принцезата од Велс на социјалните мрежи се појави емотивната честитка на Кејт Мидлтон, па фотографија од принцот Вилијам со неговите деца.

Потоа, на официјалниот профил на Круната, беше споделен портрет на Вилијам како дете во скутот на неговиот татко, со роденденска честитка.

Подоцна во текот на денот, беа откриени плановите на принцот Вилијам за прославата, на крајот откривајќи дека планира да го прослави својот 42-ри роденден на концерт на Тејлор Свифт.

Познатата пејачка тој ден настапи на Вeмбли како дел од нејзината турнеја, а Us Weekly објави дека принцот од Велс присуствувал на нејзиниот концерт со неговите деца принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6).

Изворот на овој портал наведува дека членовите на кралското семејство го следеле концертот од ложата, а Кејт Мидлтон не била со нив.

Вилијам пееше со Тејлор на хуманитарна вечера во палатата Кенсингтон во 2013 година, а со нив беше и познатиот рокер Бон Џови. Години подоцна, тој во подкаст призна дека сè уште не разбира зошто се согласил на тоа.

„До денешен ден, сè уште не знам што ми се случи… Но искрено, кога Тејлор Свифт ќе те погледне во очи и ќе ти каже да дојдеш со неа, тогаш стануваш како кученце и одиш во стил – да, тоа е одлична идеја“, изјави принцот Вилијам за Apple Fitness во 2021 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma