Докторите потврдија дека црното вино е здраво: Заради оваа причина треба почесто да пиете по малку!

popara22 јули, 20241min00

Многу луѓе сакаат да пијат една чаша црвено вино со ручек. Лекарите потврдија дека е добро за здравјето се додека се пие во разумни количини. Ова се некои од позитивните ефекти на црвеното вино врз телото:

Помага во регулирање на крвниот притисок

Антиоксидансите во црвеното вино можат да го намалат крвниот притисок, пишуваат експертите на порталот „WebMD“. Неколку студии потврдија дека кај лицата со благо покачен крвен притисок, по консумирање на црвено вино, тој се намалува. Лекарите велат дека за ова се виновни полифенолите кои се наоѓаат во црвеното вино.

Го штити здравјето на срцето

Иако се потребни повеќе истражувања за да се потврди овој ефект на виното, некои претходни докази сугерираат дека црвеното вино е добро за здравјето на срцето, бидејќи помага да се намали ризикот од наталожување на штетни масни наслаги во артериите и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест

Полифенолите од црвеното вино го спречуваат формирањето на протеини кои произведуваат токсични соединенија кои ги убиваат мозочните клетки. Полифенолите исто така можат да ја намалат токсичноста на постоечките соединенија, а со тоа да го ублажат когнитивното оштетување на мозокот.

Потенцијални здравствени ризици

Иако некои истражувања ги покажуваат здравствените придобивки од консумирањето црвено вино, треба да се има на ум дека тоа исто така носи одредени ризици. Алкохолот е строго забранет за секој со оштетување на црниот дроб, може да влијае на зголемување на телесната тежина, а прекумерното консумирање алкохол може да доведе до зависност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma