Лекаrката ги предупреди следбениците на TikTok за животни навики кои можат да бидат штетни за здравјето – вклучително и пиење кафе попладне.
Д-р Пунам Десаи, која се нарекува @doctoranddancer онлајн, го сподели видеото на социјалните мрежи за да ги нагласи скриените здравствени ризици кои лесно може да се занемарат.
Докторката тврди дека избегнува кофеин после 12 часот.
Таа изјави за Mirror: „Кофеинот може да има моќен ефект до пет до шест часа по консумирањето и може да биде во вашиот систем блиску до спиење, спречувајќи нè да заспиеме или да останеме заспиени. Затоа навистина се трудам да избегнувам какви било пијалоци со кофеин попладне“.
Уште повеќе, една студија објавена во списанието Science Translational Medicine покажа дека пиењето еквивалент на двојно еспресо три часа пред спиење може да го помести часовникот на вашето тело за речиси еден час и да предизвика т.н. jet lag.