Летниот период од годината носи многу проблеми со кожата, со кои секој од нас се бори.
Еден од нив е потење на стапалата. Ова чувство не само што е непријатно, туку може да доведе и до непријатен мирис на стапалата, како и развој на габи или бактерии и инфекција на кожата.Но, постои едноставен „лек“ против испотени стапала кој можете сами да го подготвите дома. Покрај вода потребни ви се само две едноставни состојки, пишува „Blic žena“.
Состојки:
1 кафена лажичка сода бикарбона
1 сапун за перење (околу 200 грама)
1,5 чаша вода
Подготовка:
Изрендајте го сапунот и истурете го во тенџере, а потоа додадете вода и варете на тивок оган. Кога масата ќе стане густа и хомогена, тргнете ја од шпоретот. Во изладената смеса со сапун додадете сода бикарбона и измешајте.
Добиената смеса нанесете ја на стапалата и оставете 15 минути, а потоа исплакнете и добро избришете ги стапалата.