За да не поминете половина од денот во кревет со силна главоболка, мачнина и чувство на замор, направете еден од овие пијалоци кои ќе ви помогнат што побрзо да закрепнете.
Пијалок со бибер
Природен лек за мамурлак ќе добиете ако во чаша вода ставите три лажици свежо исцеден сок од лимон и половина лажичка црн пипер. Измешајте, додадете неколку коцки мраз и испијте. Ќе ве разбуди, ќе ви го смири желудникот, ќе ја ублажи мачнината, а главоболката ќе ви исчезне. Ќе бидете како нови!
Зачинет сок од домати
Во чаша сварен домат ставете прстофат мелен пипер и шеќер и исцедете парче лимон. Овој пијалок ги надополнува електролитите и го регулира шеќерот во крвта.
Чај од ѓумбир
Мамурлакот и мачнините веднаш ќе исчезнат доколку го испиете овој чај. Земете парче корен од ѓумбир долг 1 см и потопете го во 250 мл зовриена вода. Можете да го исецкате. По 15 минути процедете го и испијте го чајот.
Вода со лимон
Вкусна е и освежителна, а лимонската киселина ќе го алкализира телото. Исто така, ќе помогне да се исфрли алкохолот од телото што е можно поскоро, и да ви даде енергија. Во чаша млака вода исцедете еден лимон и испијте го.
Овошна салата
Алкохолот побрзо ќе го напушти вашето тело ако јадете овошна салата. Фруктозата и калиумот кои се наоѓаат во авокадото, кивите, портокалите и бананите ќе му помогнат на метаболизмот побрзо да го вари алкохолот. Исечете најмалку две од овие овошја, измешајте и јадете веднаш штом ќе станете. Веднаш ќе се чувствувате подобро.