Состојки:
едно јајце
200 мл сончогледово масло
една лажичка сенф
една лажичка сол
лажица сок од лимон
Подготовка:
Важно е сите состојки што ги користите да се од фрижидер. Пожелно е сончогледовото масло да се излади во замрзнувач околу 20 минути.
Во блендер ставете ги јајцето, сенфот, солта, маслото и сокот од лимон. Ставете го стапчето од блендерот на самото дно и блендирајте пет секунди. Потоа движете го стапот горе-долу и матете околу 25 секунди. Мајонезот е подготвен!
Чувајте го во фрижидер и употребете го во рок од пет дена.
Се разбира, домашниот мајонез е многу поздрав отколку купен во продавница, бидејќи содржи помалку калории. Тој е идеален додаток на многу јадења, а можете безбедно да го консумирате во умерени количини доколку сте на диета.