Потребно е:
300 гр сусам
100 гр шеќер
1 лажица мед
50 ml вода
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Во тенџере истурете вода и шеќер и оставете да зоврие. Гответе уште 5 минути откако ќе зоврие, тргнете го од оган и додадете мед и екстракт од ванила. Убаво измешајте да се соедини сè. Промешајте го изблендираниот сусам и убаво измешајте, додека не добиете компактна смеса. Истурете во сад и ставете го во фрижидер да се излади и стегне. Исечете ја алвата на коцки. Пријатно!