ДОМАШНА КОЦКА ЗА СУПА ОД ЗЕЛЕНЧУК: Се прави многу лесно, а нема да забележите разлика од купечката

popara18 јули, 20241min00

Потребно е

700 гр мешан зеленчук по избор:
2 стебленца целер
1 тиквичка со средна големина
половина компир
половина кромид
2 моркови
50 гр спанаќ
110 гр сол
маслиново масло

Подготовка:

Зеленчукот исчистете го, измијте го и ситно исечкајте го. Се динстаат во тавче, се посолува, па се остава да врие уште 10 минути. Сè префрлете го во блендер и изблендирајте. Добиената каша повторно пропржете ја. Смесата рамномерно распоредете ја на плех обложен со хартија за печење, па оставете ја во фрижидер преку ноќ. Следниот ден се сече на мали коцки. Секоја коцка завиткајте ја во алуминиумска фолија и ставете ја во пластичен сад. Чувајте ги коцките во замрзнувач и користете ги по потреба. Од наведената количина ќе добиете 20 коцки, а една коцка е доволна за половина литар вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag