Оваа маска ќе ја прероди вашата коса
Кокосовото млеко има бројни придобивки кога станува збор за негата и здравјето на косата. Неговата примена е многу едноставна, а резултатите се фантастични.
Ова млеко можете да го искористите за правење домашна маска. Сè што ви треба е:
- 6 лажици кокосово млеко
- 3 лажици мед
Приготвување:
Помешајте го кокосовото млеко со медот и нанесете го на влажна коса. Оставете го да отстои половина час и потоа измијте го.
Медот е одличен за косата, бидејќи ја одржува нејзината природна влажност и ѝ дава сјај. Дејствува како природен регенератор и го поттикнува растот на новата коса. Со редовна употреба, значајно го намалува и опаѓањето на влакната. Во комбинација со кокосово млеко за коса, дава фантастични резултати.
А еве како кокосовото млеко влијае врз косата:
Го поттикнува растењето на косата
Кокосовото млеко ја зајакнува и го поттикнува растењето на косата, благодарение на витаминот Е на есенцијалните масти со кои изобилува.
Ја обновува оштетената коса
Благодарение на протеините што се содржат во кокосовото млеко, влакното станува посилно и меко на допир.
Ѝ дава сјај на косата
Кокосовото млеко докажано го прави влакното посјајно и помеко.
Ја исправува косата
Овој производ можете да го користите и како природен начин на исправување на косата.