Домашните чоколадни пралини се најубавото нешто што ќе го пробате – неодоливо се кремасти и подготовката трае само 10 минути

popara20 септември, 20241min00
Домашни пралини

Ова е уживање кое го гали непцето и гостите го обожаваат!

Доколку сте љубители на чоколадо и барате совршен десерт кој е вкусен, здрав и лесен за подготовка, тогаш овие домашни чоколадни пралини се вистинскиот избор за вас.

Направени од природни состојки, овие пралини се богати со вкус на чоколадо, а можете да ги подготвите за само неколку минути.

Не само што се неодоливо кремасти, туку се и поздрава алтернатива за слатките купени во продавница, бидејќи не содржат вештачки адитиви.

Состојки:

-380 грама кондензирано млеко
-3 лажици какао
-30 грама путер
-50гр темно и 50гр млечно чоколадо
-Стапчиња за ражници

Во тенџере истурете кондензирано млеко и какао, добро измешајте, па додадете го путерот и сè заедно измешајте неколку минути на тивок оган.
Добиената густа смеса распоредете ја во сад за правење коцки мраз, па ставете ја во замрзнувач додека не се направат коцките мраз чоколадо.
Растопете ги заедно 50гр. темно и 50гр. млечно чоколадо. Потоа извадете ги коцките чоколадо од замрзнувачот и секоја од нив ставете ја на стапче за ражнич. Потоа потопете по една коцка од сите страни во стопеното чоколадо.
Се враќаат во замрзнувач како сладолед и кога ќе се стврднат извадете ги од стапчињата за ражнич и ќе добиете прекрасни пралини кои можете да ги чувате во фрижидер. Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma