Познатата пејачка Ријана оваа година беше гостинка на Карневалот во Барбадос – фестивал на музиката, уметноста, храната и културата на оваа островска земја каде што е родена.
На пејачката не ѝ е првпат да биде ѕвезда на овој настан, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како се забавувала и оваа година.
Ријана се појави во минијатурен карневалски костим, кој ги истакна нејзините облини, а повеќе беше откриено отколку скриено на нејзиното тело, во духот на карневалот и облеката што ја носеа другите учесници на настанот. Зланитот костим со украси беше надополнето со големи шарени крилја.
Ријана на карневалот, кој важи за најзначајниот настан на Карибите, се појави во друштво на вооружени лица кои ја обезбедуваа, бидејќи нејзиното доаѓање започна вистинска бура меѓу присутните, а нејзиниот костим дури ги надмина очекувањата.
Сликите и видеата од карневалот брзо ги преплавија социјалните мрежи, а обожавателите главно реагираат многу позитивно, посочувајќи дека Ријана изгледа прекрасно по нејзината последна бременост.
Музичката ѕвезда, која е вистински амбасадор на својата земја, вчера настапи на карневалот, претпоследниот ден од манифестацијата која започна на 31 јули. Пејачката не присуствуваше на овој фестивал последниве пет години
Инаку, Ријана неодамна мораше да ги демантира гласините дека е бремена. Пејачката и нејзиниот партнер Ејсап Роки ги имаат синовите РЗА и Риот.