Следниве состојки се потребни за рецепт на кој едноставно нема да можете да одолеете:
кисела зелка, 1/2 глава
кромид, 1 глава
лук, 2 чешниња
масло, доколку е потребно
чварки, 200 гр
палента, 200 гр
вода, 700 мл
сол, по вкус
Подготовка:
– Во тавче пропржете половина од чварките, па додадете ја сечканата зелка. Истурете вода и зачинете, па динстајте додека зелката не омекне. Додадете ја сировата палента и мешајте додека не добиете густа смеса. Истурете ја смесата во тавче подмачкано со масло и посипете го со остатокот од чварките што сте ги исецкале и испржиле. Ставете ја пројата во рерна загреана на 200 степени и печете 20 минути.