Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (50) се нашол во непријатна ситуација кога го пецнала медуза додека уживал на одморот, а папараците успеале да снимат се.
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо моментално ужива на одморот со својата девојка Викторија Черети, а папараците го фатија во незгоден момент откако го пецнала медуза.Додека се обидуваше да се опушти далеку од центарот на вниманието и камерите на Холивуд, Ди Каприо доживеа непријатност во подводниот свет. Тој нуркал со својата девојка кога го пецнала медуза.
Екипажот на јахтата веднаш реагирал и ја запрел јахтата за да му ја пружи потребната помош.
На фотографиите направени од папараците, Ди Каприо може да се види како стои со кренати шорцеви, додека Викторија му дава прва помош. Убодот од пипалата на медузата е јасно видлив.
Поради силните болки, Викторија и членовите на екипажот му пришле на помош. Актерот веднаш отишол под туш за да ја измие раната, а персоналот потоа му ставил спреј против болки. За среќа, повредата не била сериозна, но Ди Каприо бил видно вознемирен.
И покрај несреќата, парот продолжи да ужива во својот европски одмор во друштво на Тоби Мегваер, Лукас Хас, Едвард Енинфул и Нилам Гил. Нивното европско крстарење вклучува посети на Шпанија и Италија, по што Ди Каприо ќе се врати на снимањето на новиот филм на Пол Томас Андерсон.