Државата во која најмалку се работи, а најубаво и најдолго се живее

popara24 декември, 20241min00
Company of senior woman having breakfast on a terrace of a street cafe after shopping

Се прашувате каде луѓето најуспешно балансираат помеѓу работата и приватниот живот? Одговорот го дава магазинот Travel, а Луксембург е на врвот на листата.

Списокот на земји со најдобар баланс помеѓу работата и животот е создаден земајќи ги предвид неколку клучни фактори: просечниот број на работни часови неделно, должината на годишниот одмор, квалитетот на спиењето, очекуваниот животен век и општото чувство на среќа.

Луксембург го зазеде првото место благодарение на неговите исклучителни стандарди. Една од причините за тоа е системот кој ги наградува постарите вработени со дополнителни денови за одмор. Така, работниците над 55 години имаат просечно 36 дена платен одмор годишно.

Дополнително, просечната плата во Луксембург е околу 5.000 евра, а повеќе од 65 отсто од жителите поседуваат сопствен автомобил. И покрај малата популација од околу 600.000 луѓе, квалитетот на животот во оваа земја се смета за еден од најдобрите во Европа.

На второ и трето место се Австрија и Данска, кои на своите вработени им нудат минимум 25 дена платен одмор годишно. Од друга страна, САД беа само на 87. место. Причината за тоа е немањето законски гарантирано платено слободно време и широкото незадоволство од квалитетот на сонот кај населението.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag