Дури и гласовните пораки им се како подкаст: Овие три хороскопски знаци не престануваат да зборуваат

popara9 ноември, 20241min00
62947337-scena-iz-filma-mean-girls

Го знаете тоа чувство кога се збогувате на телефон и мислите дека разговорот е завршен, но потоа слушате: „Само уште ова!“ Ако имате пријател или член на семејството роден под еден од овие три хороскопски знаци, сигурно сте запознаени со ова сценарио.

Тие едноставно сакаат да зборуваат, а штом ќе тргнат, тешко е да ги спречите. По последниот поздрав, разговорот може да трае најмалку половина час бидејќи тие секогаш имаат нешто повеќе да кажат.

Ова се трите хороскопски знаци кои сакаат да разговараат на телефон:

1. Близнаци

Близнаците се вистински мајстори за комуникација – тие се социјални пеперутки и едноставно мора да споделат се што им е на ум. Кога разговарате со Близнаци, подгответе се за најновите вести, интересни факти што тие неодамна ги откриле и приказни за секојдневните авантури.

Нивните разговори често наликуваат на мали ток-шоуа, полни со динамика и нагли скокања од тема на тема, па дури и кога ќе ви снимаат гласовна порака – тоа е повеќе подкаст отколку порака.

Дури и кога конечно ќе се збогувате, Близнаците ќе се сетат на уште нешто и ќе додадат: Само уште ова!

Поради нивната љубопитна природа, тие често поставуваат прашања и ги споделуваат своите размислувања, а тоа може да потрае.

2. Лав

Лавовите се природни шоумени, па кога разговарате со нив, подгответе се за вистински спектакл. Обожаваат да споделуваат се што им се случило, од најмалите детали до големите планови, а често ќе ви раскажат приказна од минатото. Лавовите сакаат сите да знаат за нивните успеси и искуства бидејќи им е важно да остават добар впечаток.

Кога Лавот се збогува, разговорот често не е завршен. Лав сака да се увери дека добро ги пренел сите важни информации и го кажал секој интересен детал. Дури и по последниот поздрав, не е невообичаено да се врати за да додаде уште нешто – бидејќи за Лавот секој разговор е можност да блесне во најдобро светло.

3. Рак

Раковите се познати по својата чувствителност и грижа за другите, па кога разговарате со Рак, бидете подготвени за длабоки и емотивни разговори. За нив телефонот е повеќе од средство за комуникација – тоа е можност да се поврзат со саканите. Раковите сакаат да зборуваат за чувствата, сакаат да слушнат сè за вашиот ден, грижи и радости.

Кога ќе почнат да се збогуваат, Ракот често ќе се сетат на уште неколку работи кои сакаат да ви ги кажат или пак ќе ве прашаат уште еднаш како сте. Тие сакаат да се уверат дека сте среќни и опуштени пред да го завршат разговорот, па затоа нивниот поздрав е обично само почеток на дополнителни 15-30 минути разговор. Ракот едноставно ужива во секој момент поминат во разговор со оние што ги сака и сака да се увери дека сте добро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag