Познатата актерка Ева Лонгорија (49) се појави во Венеција и никого не остави рамнодушен со својот секси изглед.
Шестата вечер на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција беше посветена на AmfAR Gala 2024, престижен настан посветен на поддршка на истражувањето за СИДА.
Овој гламурозен настан собра бројни ѕвезди од светот на филмот и модата, а меѓу најзабележителните беше американската актерка Ева Лонгорија.
Ева на црвениот тепих блескаше во секси фустан кој во горниот дел имаше блескаво боди, додека целиот долен дел беше во проѕирен тул кој провокативно ги истакна нејзините облини и додаде доза на сексипилност на изгледот.
Под црниот тул беа забележани затегнати нозе и совршен задник, а многумина се запрашаа дали актерката носи гаќички под боди.
Таа имаше елегантни црни сандали на стапалата, додека косата и беше навлечена во опавче.
Со својот изглед Ева го привлече вниманието и ги воодушеви сите присутни, а како што изгледа од фотографиите и таа била расположена.