Американската актерка Ева Лонгорија ужива на одморот во Шпанија со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго, а нејзините фотографии од плажа во бикини никого нема да остават рамнодушен.
Ева Лонгорија (49) изгледаше неверојатно на плажата во Марбела во портокалово бикини, кое се состоеше од триаголен горен дел и долен дел на врзување, пишува Daily Mail.
Семејството уживало во пливањето во морето и биле видени како се забавуваат како се качуваат на педалинка во облик на автомобил.
Ева немаше шминка на лицето, покажувајќи го беспрекорниот тен, додека косата и беше врзана во опавче.
Ева и Хозе се преселиле во Марбела од Лос Анџелес во 2023 година, откако купиле мега вила со шест спални соби и седум бањи на шпанскиот брег.
Ева и мексиканскиот бизнисмен неодамна ја намалија цената на нивниот двокатен дом во Беверли Хилс од 22,8 милиони долари на 18,9 милиони долари – и веќе почнаа да пренесуваат предмети до нивната ново реновирана куќа во Марбела.
„Ева и Хозе засекогаш го напуштаат Лос Анџелес и повторно го ставија својот дом на продажба“, изјави извор за DailyMail.com ексклузивно во април.