Ева Мендес ја објави својата прва сликовница, инспирирана е од ќерките што ги има со Рајан Гослинг

popara23 февруари, 20244min00
Ева Мендес

Сопругата на Рајан Гослинг била инспирирана од нивните искуства како родители, но и од нивните грижи, па сликовницата „Desi, Mami, And The Never-Ending Worries“ на некој начин е увид во нивната интимност.

Додека нејзиниот сопруг Рајан Гослинг беше зафатен со снимањето и промовирањето на филмот „Барби“ во кој го глумеше Кен, актерката Ева Мендес се фрли на пишување сликовница. Грижлива мајка на две девојчиња, 9-годишната Есмералда и 7-годишната Амада,се откажа од кариерата во последните години поради нив, а тие беа нејзина инспирација за детската приказна.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Mendes (@evamendes)

49-годишната актерка се пофали својот прв книжевен потфат на социјалните мрежи и ја откри приказната за малото девојче кое се плаши од чудовиште под креветот и ги победува стравовите со помош на нејзината мајка.

Сликовницата, која ќе биде објавена на англиски и шпански, во книжарниците ќе се најде дури во септември, а интересно е што на илустрациите и мајката и малото девојче се со потемна кожа, што е почит на нејзините кубански корени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma