Еве зошто сите ја сакаат Кејт Мидлтон: Ги насмеа собраните во Сандригем

popara26 декември, 20241min00
Royal Family's Christmas Day service at the Sandringham estate

Кејт Мидлтон вчера се ракуваше со толпата собрана во Сандрингем, а социјалните мрежи се преполни со позитивни коментари за нејзиниот вчерашен изглед.

Кејт Мидлтон ја нарекуваат омилен член на кралското семејство, а доказ за тоа се и анкетите. Мидлтон веќе полека се подготвува за улогата на кралицата, а нејзиното појавување во Сандрингем на Божиќ предизвика општ ентузијазам кај собраните добронамерници.

Покрај тоа што го прекрши протоколот со емотивен гест, Мидлтон ја насмеа и толпата демонстрирајќи ја својата директност и леснотија пред народот.

Како и обично, принцезата од Велс им се придружи на остатокот од кралското семејство на прошетката од црквата до кралската резиденција, каде разговараше со насобраната толпа, која на семејството му подари цвеќе, а на децата чоколади, што особено го воодушеви малиот Луис.

Разговорот со толпата беше особено значаен за идната кралица, која сите сакаа да ја поздрават оваа година и да и посакаат брзо закрепнување. Тројцата млади кралски членови застанаа до нивниот татко Вилијам додека ја чекаа таа да го заврши разговорот. Кога принцезата сфатила дека нејзините деца и сопругот Вилијам завршиле со дружење, се пошегувала: „Изгледа си го изгубив семејството“.

Мидлтон го прослави Божиќ педантно облечена во зелената боја, која имаше посебно значење. Нејзиното палто го дизајнираше Сара Бартон за Александар Меквин, додека нејзината зелена капа ја дизајнираше Џина Фостер. Аутфитот го комплетираше со тартан шал, прекрасни обетки, црни чизми на потпетици и црна чанта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag