Активен или течен кислород е течност за дезинфекција која е ефикасна против вируси, бактерии и габи. Се состои од озон, кој има позитивни ефекти врз негата на кожата бидејќи содржи три наместо два атоми на кислород, што го прави активна состојка.
Бројни бактерии и микроорганизми се таложат во порите и предизвикуваат појава на акни, мозолчиња, митесери и иритации. За да го исчистите лицето од овие непријатни појави, но и да го подмладите целото тело, најдобро решение е активниот кислород, кој ги храни сите клетки во телото и на тој начин обезбедува ефект против стареење.
Го забрзува обновувањето на површинскиот слој на кожата и ја прави поотпорна. Ја враќа еластичноста, свежината и здрав изглед на вашето лице. Оваа течност ефикасно ги елиминира сите грам-позитивни и грам-негативни бактерии и бројни габи и вируси. Заштитува и од инфекции, ја освежува уморната кожа и ја забрзува циркулацијата.
Акрилниот кислород не гори и не пени, како алкохолот, така што може да го користат деца. Можете да го нанесувате четири пати на ден.
Нанесете активен кислород со прскање на газа или хартиено марамче. После тоа го прскате на лицето и го префрлате марамчето што претходно сте го натопиле. Оставете го да делува најмалку 20-30 минути. После тоа, не нанесувајте креми најмалку половина час за да може кожата целосно да го апсорбира овој препарат.
Веќе по неколку дена ќе ја забележите разликата, кожата е посвежа, помлада и затегната, а доколку сте имале акни полека исчезнуваат. Секако, благодарение на елиминацијата на бактериите, габите и сите нечистотии, кожата станува чиста, здрава и убава.
Уште подобри резултати доаѓаат ако користите комбинација на активен кислород со хијалуронска киселина. Имено, успешно ќе ја подмладите кожата и ќе ги елиминирате оштетувањата на кожата.
Активниот кислород се користи и за дезинфекција на устата, за болки во грлото и непцата, спречува иритација и е одличен против лузни и за лекување изгореници.