ЕВЕ КОЛКУ ПРОТЕИНИ ДНЕВНО ТРЕБА ДА ВНЕСУВАМЕ: Погледнете колку се навистина важни

popara16 октомври, 20241min00
Screenshot_9

Протеинот во прав може да ви помогне, но и да ви одмогне. Еве кога е корисно да го консумирате.

 

 

 

 

Пред да одговорите на прашањето дали е нужно да консумирате протеин во прав, важно е да се запрашате колку протеин ви е потребно. Одговорот на ова прашање зависи од тоа каков живот водите, односно колку сте активни.

 

Накратко, доколку имате мерка колку протеини ви се потребни, а се мачите да стигнете до таа количина, или доколку ви се чини дека се чувствувате дека ви недостига енергија, дополнителниот внес на протеини е добро решение.

 

Која е потребната количина на дневно ниво?

 

Препорачаната дневна доза на протеин е 0,8 гр. по килограм според телесната маса. Тоа значи дека човекот кој има 80 килограми, дневно треба да внесе околу 64 гр. протеини, а оваа количина скоро секој ја внесува во организмот преку исхраната.

 

Проблемот е што препорачаниот дневен внес на протеини нема да биде доволен и за оние коишто се повеќе физички активни.

 

Луѓето коишто се грижат за внесот на протеини се оние коишто се обидуваат да се здебелат, или во друг случај-оние коишто се трудат да слабеат.

 

Всушност, луѓето коишто се обидуваат да го намалат внесот на масти во организмот, треба да го зголемат внесот на протеини, за да мускулите не се топат заедно со мастите. Во овие случаи, се препорачува вредноста да варира помеѓу 1,6 и 2,2 гр. протеини по килограм на телесната маса.

 

Со други зборови, лицето кое има 80 килограми треба да внесува помеѓу 128 и 176 гр. протеини.

 

Иако зголемениот внес на протеини секако помага за билдањето на мускулите, тоа не значи дека треба да претерувате со внесот на протеини.

 

Оние коишто сакаат да ги набилдаат мускулите треба да внесат помеѓу 1,4 и 1,9 гр. протеини по килограм.

 

Иако сите протеини можат да се добијат од храната, брзото темпо на живот, обврските и недостаток на мотивацијата влијаат за да немаме доволно време да се посветиме на правилниот начин на исхрана.

 

Во овие ситуации, протеинот во прав може да биде добар додаток во исхраната, но само како додаток бидејќи тој не може да замени ниту еден оброк.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag