Иако жените понекогаш ги мразат своите мали гради или големиот задник, време е за будење на свеста, бидејќи она што жените го сметаат за маана, за многу мажи тоа е просто неодоливо.
Без оглед на тоа во која група припаѓате, важно е да научите да го сакате своето тело со сите свои маани и доблести што ќе се одрази и на вашата самодоверба. Однесувајте се како да се најсексипилна жена на светот и верувајте, мажите тоа ќе го забележат.
Нагласен задник и колкови
Вистински пример е Џенифер Лопез. Жените секогаш имале нагласена задница и тоа се смета за вистински адут, а секси ѕвездата конечно стави крај на модерните ковчести американски задници и со гордост покажала што значат секси облините.
Не се срамете од своите облики туку искористете ги како вистинско оружје кој вам ќе ви даде моќ и контрола каква не сте сонувале. Само бидетее умерени бидејќи ако покажете се’, нема да оставите ништо за имагинацијата и копнежот.
Мажите сакаат женски задници и ги сметаат за неодоливи, особено додека се елегантно се нишаат при од. Ако сте горда сопственичка на нагласен задник, искористете го овој главен адут.
Бујни гради
Кога станува збор за бујните гради тука навистина нема грешка. Се уште не е објаснето зошто мажите толку многу ги привлекуваат големи женски гради. Дали е поради нивната мултифункционалност која вклучува храна за бебе, топло место за дремка и сексуално уживање или пак постои нешто што е длабоко врежано во машката психа и ги доведува до лудило. Затоа, ако спаѓате во групата Ц или Д, искористете го својот адут.
Мала џебна Венера
Жените со мала телесна градба и низок раст имаат една голема предност. Може да бидат во врска со мажи кои се високи од 170 до 200 сантиметри.
Нив ги опишуваат како преубави и секси, а доказ за тоа се мини убавиците како Ева Лонгорија и Шакира. Во што е трикот? Таквите мажи сакаат нивните партнерки да изгледаат младо, но и нежно за да може да ги заштитуваат и да се грижат за нив.
Старата народна поговорка вели дека највредните работи работи доаѓаат во мали количини, па ако припаѓате во оваа група, искористете го тоа и соборете ги.
Витки и високи манекенки
Високи, слаби и убави жени често се жалат дека не можат да најдат момче. Можеби затоа што мажите едноставно им се плашат, но со причина.
Така наречените „супермодели“ со мали гради и благи облини во моментов се наоѓаат на највисокото место на листата жени со кои мажите би сакале да бидат.
Припадниците на оваа среќна група навистина може да бираат, а тоа многу добро го знаат и Адриана Лима, Наоми Кембел и Синди Крафорд. Ако сте и вие една од нив, искористете го тоа, но внимавајте да не станете премногу пребриливи.
Витки спортистки
Девојките со спортска градба имаат тесни колкови и мали гради, но и цврст задник и опасни стомачни кои ги оставаат мажите без здив, но и ги плаши. Жените од овој тип зрачат со енергија и сила, но и елеганција што исто така може да биде вистинско сексуално оружје. Не се заморувајте со деколтето, туку нагласете го своето атлетско тело.