Еве што се случува во вашето тело кога ќе го одложите алармот

popara9 август, 20241min00
Screenshot_10

На сите нас ни се случува многу често да го одложиме алармот барем еднаш или два пати секое утро. Луѓето се уверени дека тие пет до десет минути сон ќе им значат многу.

 

 

 

Но тоа всушност не е воошто добро за вашиот организам. Оштетувањето кое настанува со одложување на алармот може да ви го уништи буквално целиот ден!

 

Точното количество на потребен сон варира во зависност од личноста, па телото на секој човек знае точно колку сон му е доволно и почнува да го лачи допаминот, се’ со цел да се подготви за будењето.

 

Во моментот кога го одложувате алармот, вие си играте всушност со РЕМ фазата од вашиот сон. Тоа е и најважната фаза на сонот, клучно нешто за добар ментален фокус во текот на денот – вели доктор Мајкл Бриус, специјалист за сонови.

 

Алармот ве извлекува всушност од РЕМ фазата на сонот, а со одложувањето на алармот и повторно “паѓање” во сон, вие повторно влегувате во таа фаза. Токму поради вакво нешто може целиот ден да се чувствувате зашеметено и вашата продуктивност е значајно послаба. Во текот на РЕМ фазата, вашиот мозок ги анализира сите настани кои што се случиле во текот на изминатиот ден, а фазата на длабок сон пак му го дава на телото потребниот одмор. Фазите се менуваат во текот на ноќта, но познато е дека РЕМ фазата се одвива пред самото будење.

 

Уште една последица е тоа што вашиот телесен часовник го губи својот ритам. За циркадијарниот ритам кој влијае на вашиот внатрешен часовник најдобро би било да се разбудите кога алармот ќе заѕвони уште првиот пат. Ако повторно заспиете после алармот, циркадијарниот ритам се пореметува, вашето тело станува збунето и всушност не знае кога е време за спиење, а кога за будење. Поради тоа, вие ќе се чувствувате константно ненаспано, па и целиот ден нема да може да се разбудите во потполност.

 

Токму затоа, откажете се од оваа лоша навика за одложување на утринскиот аларм или пак купете си часовник кој нема можност за одложување. Или пак едноставно, уште од самиот старт нагодете го алармот некоја минута подоцна.

 

Сепак, ако секое утро се будите уморни, единствен начин тоа да го смените е ако се потрудите да си легнете навечер порано, а наутро да станете веднаш кога ќе го слушнете алармот за будење .

 

Исто така, обидете се секој ден да си легнете барем половина час порано, или на секои недела дена поместувајте го времето за легнување за барем половина час.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag