Еве што ќе се случи во нашето тело ако јадеме по две банани секој ден: Неверојатни работи за кои не сте ни свесни

popara27 јуни, 20241min00
Screenshot_29

Здравата храна не секогаш има добар вкус, но тоа не е случај кога се во прашање бананите. Ќе бидете среќни кога ќе прочитате дека еден од вашите омилени видови овошје не само што носи задоволство на вашите пупки за вкус, туку има и многу здравствени придобивки.

 

 

 

 

Артерискиот притисок ќе се врати во нормала

 

Бананите се одлично овошје кое треба да го јаде секој кој страда од висок крвен притисок. Содржат во просек 420 mg калиум и можат да помогнат во намалување и регулирање на крвниот притисок.

 

Ќе забележиме дека слабееме

 

Овие плодови се богати со влакна и  во повеќето случаи, нема да чувствувате потреба да јадете после нив. Тие исто така содржат еден вид скроб кој го намалува апетитот и го спречува зголемувањето на телесната тежина. Бананите исто така го намалуваат нивото на шеќер во крвта и ја зголемуваат чувствителноста на телото на инсулин.

 

Ако клетките на телото не се чувствителни на инсулин, тие не можат да ја апсорбираат гликозата, па панкреасот започнува да произведува инсулин во поголеми количини. Дали телото ќе акумулира масти зависи од присутниот инсулин.

 

Намалување на ризикот од анемија

 

Анемијата е резултат на намалување на црвените крвни зрнца и ниско ниво на хемоглобин во крвта, а бананите можат да помогнат во овој проблем. Бананите содржат многу железо, кое го поттикнува создавањето на црвените крвни зрнца, но и витамин Б6, кој го регулира нивото на гликоза во крвта, кој им помага на анемичните лица.

 

Подобрување на варењето

 

Бананите се лесно сварливи и не го иритираат гастроинтестиналниот тракт. Отпорниот скроб, кој се наоѓа во бананите, не се вари и завршува во дебелото црево каде што служи како ефикасен хранлив медиум за здрави бактерии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag