Екстрактот од банана може да се најде во многу креми за очи, главно поради големата количина на калиум во ова овошје.
Темните кругови се социјален и емоционален проблем за повеќето луѓе. На многумина им е тешко да се справат со темните кругови околу очите и отокот во таа област. Иако повеќето луѓе можат да го решат проблемот со одмор, отечените може успешно да се отстранат со помош на маска од кора од банана.
Калиумот може да помогне во хидратацијата и да го спречи задржувањето на водата во кожата, што е првиот чекор во намалувањето на отокот и темните кеси под очите.
Покрај калиум, бананите се полни и со витамини Ц, Е, Б и А, антиоксиданси кои можат да ги неутрализираат слободните радикали и да ја осветлат кожата.
Како можете сами да направите маска
Со лажица отстранете го белиот дел од кората од бананата, односно влакната. Измешајте ги со алое вера, а ако немате, едноставно користете ја вашата хидратантна крема.
Нанесете ја смесата во пределот под очите и оставете да делува пет до десет минути, а потоа исплакнете со млака вода, па продолжете со вообичаената нега.