Едвај ги излечи повредите, а сега заради инфекција завршил во болница: Славниот музичар тешко гледа со едното око

popara4 септември, 20244min00
99458_profimedia-0889909184_f

Легендарниот музичар Елтон Џон им се обрати на своите фанови на Инстаграм и откри дека во текот на летото се борел со сериозна инфекција на очите.

— Во текот на летото се борев со тешка инфекција на окото, поради која, за жал, имам ограничен вид на едното око. Се опоравувам, но процесот е многу бавен и ќе биде потребно извесно време додека видот целосно да се врати на заболеното око“, напиша Елтон.

Во својата објава, музичарот му се заблагодари на „извонредниот тим на лекари и медицински сестри“, како и на неговото семејство – сопругата Дејвид Фуршин и децата Захарија и Илија – кои се грижеа за него во изминатите неколку недели.

Музичарот тајно се опоравувал дома, а како што вели оптимист е дека со тек на време ќе закрепне целосно.

Неговата објава предизвика бројни реакции кај фановите, но и кај познатите личности. Донатела Версаче напиша:

– Ти испраќам многу љубов, Елтон. Ти посакувам брзо закрепнување. Те сакам – додека легендарната манекенка Линда Евангелиста исто така му посака брзо закрепнување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

Елтон минатата година имаше здравствени проблеми откако падна во својата вила во Ница. Поради тоа кратко време бил во болница, потврдил портпаролот.

– Можеме да потврдиме дека по вчерашниот пад во неговиот дом во Јужна Франција, Елтон ја посети локалната болница како мерка на претпазливост. По прегледот, тој беше пуштен веднаш утрово и сега е вратен дома – рече тој тогаш.

Музичарот тајно се бореше со рак на простата и беше опериран во 2017 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag