Еден од најздравите чаеви во светот: Го нормализира холестеролот, шеќерот во крвта и го регенерира црниот дроб

popara1 октомври, 20241min00
Screenshot_8

Ѓумбирот зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Илјадници години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство.

 

 

 

Ѓумбирот (ботаничко име: Zingiber officinale) е едногодишно коренесто растение кое води потекло од јужниот дел на азискиот континент и се одгледува повеќе од 3.000 години наназад. Најголемиот производител на овој егзотичен зачин со беложолтеникава боја е Индија.

 

Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати ~ 18 грама, протеини ~ 2 грама и масти ~ 1 грам.

 

Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.

 

СКЛАДИРАЊЕ НА ЃУМБИРОТ

Кај нас ѓумбирот е распространет во две форми – како свеж корен или во прав. Доколку имате можност да избирате, давајте му предност на свежиот ѓумбир.

 

Единствена негативна страна на свежиот ѓумбир е што има тенденција брзо да се суши. Доколку сакате да зачувате поголема количина, откако ќе го измиете и излупите, завиткајте го во проѕирна фолија и слободно замрзнете го. Не само што ќе ги задржи хранливите состојки, туку и сечењето и рендањето на замрзнатиот ѓумбир е многу полесно, отколку на свежиот.

 

Ѓумбирот во прав треба да се чува задолжително во добро затворена стаклена тегличка, на суво, темно и ладно место.

 

На ваквиот тип ѓумбир, рокот на траење може да му се продолжи до една година, доколку се чува во фрижидер.

 

СВЕЖ ЃУМБИР

 

Свежиот ѓумбир помага при намалување на високиот холестерол и во борбата против одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир.

 

Истовремено, ја намалува подуеноста на стомакот и ја олеснува тензијата предизвикана од непријатни стомачни гасови. Позитивно влијае на обновување на цревната флора, има лаксативен ефект и ја регулира нередовната столица.

 

Силната главоболка и мигрената може да се ублажат со консумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир.

 

Начин на употреба: Свежиот ѓумбир е добар за консумација откако добро ќе се измие и излупи. Едноставно исечете неколку тенки ленти свеж ѓумбир и џвакајте ситни парченца. Или пак изрендајте го и додајте лажица мед за ублажување на пикантниот вкус.

 

ЃУМБИР ВО ПРАВ

 

Ѓумбирот во прав помага за ублажување на стомачни мачнини, благодарение на етеричните масла кои се наоѓаат во неговиот состав. Маслата ги смируваат силните стомачни болки со брзо неутрализирање на желудочните киселини, истовремено ослободувајќи корисни ензими за нормална работа на дигестивниот систем.

 

Делува одлично против воспалителни болести, односно ги ублажува болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка.

 

Многубројните испитувања укажуваат дека употребата на ѓумбир во прав го забавува растот на канцерогените тумори и се покажал како одличен додаток за ублажување на последиците од хемотерапијата како гадење и повраќање.

 

Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта. Позитивно влијае и за опуштање на уморните мускули, после исцрпна физичка активност.

 

Консумирајте ѓумбир одговорно, не повеќе од 4 грама дневно.

 

Начин на употреба: Помешајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав со млака вода и испијте ја мешавината наутро, 30 минути пред појадокот.

 

ЧАЈ ОД ЃУМБИР

 

Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.

 

Свежо приготвениот чај од ѓумбир го намалува стресот, ја поттикнува будноста и ја зголемува енергијата.

 

При силни менструални болки се препорачува на стомакот да се постави крпа натопена во топол чај од ѓумбир.

 

Чајот можете да го засладите со мед или да му го подобрите вкусот со свежо исцеден сок од лимон или портокал. Не се препорачува пиење на повеќе од два чаја од ѓумбир дневно.

 

Подготовка на чај од свеж ѓумбир:

 

Исечете 3-4 тенки ленти свеж ѓумбир и ставете ги во 400 милилитри зовриена вода. Покријте го садот и оставете го да стои 10-ина минути додека да добие боја.

Четвртина шолја изрендан ѓумбир додајте го во еден литар зовриена вода. Варете 4 минути на тивко, а потоа процедете ја течноста во чаши.

Подготовка на чај од ѓумбир во прав: Во една шолја зовриена вода додајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав. Покријте ја шолјата и оставете ја течноста да олади 10-15 минути пред консумација.

 

Ѓумбирот е подеднакво добар лек како за телото, така и за умот. Ги подобрува концентрацијата и паметењето, го храни организмот и го поттикнува ослободувањето на енергија, но токму поради овие особини, не е препорачливо негово консумирање навечер, бидејќи може да предизвика несоница.

 

Се верува дека ѓумбирот има силно афродизијачко дејство, кое може позитивно да влијае врз зголемување на сексуалното либидо и плодноста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag