Една намирница е забранета во нивниот дом: Јелена и Новак Ѓоковиќ воопшто не ја користат – но Стефан сака да ја јаде

popara16 јули, 20241min00
85222_gvideti23_f

Што се однесува до исхраната на тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, веќе нема дилема околу исхраната. Тие двајца јадат само вегански рецепти, а во медиумите се води полемика за тоа што јадат нивните деца Тара и Стефан.

Најинтересно е што во куќата на Ѓоковиќ има работи кои се забранети. Како што е познато, Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, туку јаглехидратите тенисерот ги добива преку тестенините и нудлите, но она што е важно да се напомене е дека се работи за тестенини без глутен. Рафиниран шеќер не внесува, туку консумира урми и овошје.

Сепак, сите ги интересира само едно – Како се хранат Стефан и Тара?

Јелена Ѓоковиќ за време на карантинот откри како изгледа исхраната на нејзините деца додека се дружеше со своите фанови на Инстаграм.

— Стефан првата година и пол имаше нормална исхрана со месо и риба, а потоа се префрли на растителна исхрана и се чувствува многу добро, здрав е, а Тара е на растителна исхрана од почеток, фала Богу никогаш не сме имале проблеми со нејзиното здравје. Децата се целосно на растителна исхрана, без проблем јадат компири како луди и краставици и моркови. И јас им давам многу смути и зеленило, сето тоа го блендирам, некои деца се генијалци и одма јадат се, моите деца уште не јадат зелена салата, но не ме фаќа паника бидејќи им давам преку суплементи или шејкови. И ние не пржиме, туку вариме, тие јадат варени компири или пире – објасни тогаш Јелена.

Единствена која знае да ги прекрши правилата е мајката на Новак, Дијана Ѓоковиќ, која еднаш откри дека понекогаш ги „крши“ правилата, па на внуците им подготвува храна која не е дозволена кај мама и тато.

— Ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушаме: „Бабо, спреми ни палачинки“, а потоа се натпреваруваме: „Кои сакате, безглутенски или нормални“, а Стефан вели: „Бабо, нормални, остави ги безглутенските“ – рече Дијана Ѓоковиќ во една прилика со насмевка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag