Едноставен рецепт за совршенство: Колку долго треба да ги готвите јајцата?

popara1 јули, 20241min00
egg-1536990_1920

Јадеш тврдо варено јајце, а кога ќе го свариш, сфаќаш дека жолчката е тврда. И кога ви требаат тврдо варени јајца за салата, тие не излегуваат баш онака како што сте сакале.

Тајната е во должината на готвењето. За почеток, за да не пука, додадете малку сол и две-три капки оцет во водата. Ако сакате меко варено јајце, со речиси течна жолчка, штом водата зоврие, тргнете ја тавата од оган и оставете ја покриена три до пет минути, во зависност од тоа колку течна сакате жолчката да биде.

Потоа јадете ги јајцата со лажица, без претходно да ги излупите, бидејќи и белките ќе бидат меки. За да добиете средно варено јајце, она на кое жолчката му е малку течна, а белките се цврсти, кога водата ќе зоврие тргнете ја тавата од оган и само по шест минути извадете ги јајцата.

Тврдо варени јајца ќе направите ако ја оставите тавата на шпорет пет минути откако водата ќе зоврие, но го исклучите шпоретот. Ако сакате навистина цврста и сува жолчка, оставете го јајцето во садот 10 наместо пет минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag