Уморни од вкусот на суво пилешко? Наместо гради, подгответе пилешки батаци и карабатаци и уживајте во нивната сочност. Месото ќе биде повкусно ако користите пилешко со коски.
Добрата маринада ќе даде дополнителна доза на сочност и вкус. Punkufer предлага комбинација од балсамико оцет, сенф, мед, маслиново масло и зачини. Најдобри резултати ќе ги добиете ако го маринирате пилешкото преку ноќ во фрижидер, или барем три до четири часа.
Пилешкото се пече со исечкан кромид, а се служи со сезонска салата и прилог по избор. Можете да го послужите со печен компир, варен ориз или парче домашен леб.
Состојки за маринирано пилешко:
– 4-6 пилешки батаци со коски
– 125 мл маслиново масло
– 65 мл балсамико оцет
– 2 лажици мед
– 2 лажички дижон сенф
– 1 поголем кромид
– 1 лажичка мешавина од медитерански зачини
– сол и бибер
Подготовка на пилешко:
1. Во поголем сад измешајте маслиново масло, балсамико оцет, мед, сенф, сол, бибер и мешавина од медитерански зачини.
2. Во добиената смеса се ставаат пилешките батаци и се ставаат во фрижидер преку ноќ.
3. Кога сте спремни за подготовка, исчистете го кромидот, исечете го на поголеми парчиња и ставете го на плех.
4. Се ставаат маринираните пилешки гради врз кромидот и се заедно се става во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 40 минути или додека месото не се зготви до крај.
5. Послужете го пилешкото со печен кромид и прилог по ваш избор. Пријатно!