ЕДНО ИСТРАЖУВАЊЕ ДОКАЖА! Кошмарите можат да бидат ран знак за оваа сериозна болест!

popara24 мај, 20241min00
Screenshot_3

Во истражувањето се наведува дека кошмарите кои се појавуваат неколку години пред појавата на типичните симптоми на Паркинсонова болест

 

 

 

Во новото истражување спроведено во Велика Британија, откриено е дека кошмарите може да укажуваат на појава на Паркинсонова болест кај некои постари луѓе.

 

Во студија спроведена од истражувачи од Универзитетот во Бирмингем, се тврди дека постои поврзаност помеѓу кошмарите и Паркинсоновата болест, објави „Јунајтед прес интернешнл“ (UPI).

 

Во студијата, предводена од Абидеми Отаику, анализирани се 12-годишни податоци од повеќе од 3.800 постари мажи во САД.

 

Од учесниците добиени се широк спектар информации, вклучително и детали за нивниот сон.

 

Оние кои пријавиле чести кошмари и лоши соништа имале двојно поголема веројатност да развијат Паркинсонова болест отколку оние кои немале вознемирувачки соништа.

 

Според авторите на студијата, кошмарите кои се појавуваат неколку години пред појавата на типичните симптоми на Паркинсонова болест како тремор, вкочанетост и бавно движење кај постарите, може да бидат знак за појавување на болеста.

 

Истражувањето е објавено во списанието „е-КлиникалМедисин“ (eClinicalMedicine).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag