Ед Ширан ѝ го испеал својот хит „Tenerife Sea“ на случаен минувач додека таа го снимала на нејзиниот мобилен телефон.
Ед Ширан (33) бил среде снимање на видео за својот канал кога видел девојка како трча покрај каналот Реџент во Лондон. Тој ѝ пеел, а таа весело го поздравила.
Убавото видео музичарот го сподели на своите социјални мрежи, а многу фанови се воодушевени од неговиот гест.
Девојката на која Ширан ѝ пееше со гитара во рака, тоа го сними со мобилниот телефон, а музичарот ја праша дали има некоја желба.
Таа го замолила да го отпее нејзиниот хит „Tenerife Sea“, што тој го направил без проблем.
View this post on Instagram
Видеото стана вирално на социјалните мрежи, особено затоа што тој ги замоли своите обожаватели да му помогнат да ја пронајде девојката од видеото.
„Денес снимив на каналот и пеев песна по барање. Ако некој ја знае девојката што трча, ве молиме известете ја бидејќи би сакале да ја видиме нејзината страна од видеото“, напиша тој во описот на објавата.
На 17 август, Ширан го одржа својот прв концерт во белградско Ušćе, на кој присуствуваа над 50.000 луѓе. Концертот беше дел од неговата турнеја „Mathematics“, а според публиката беше вистински спектакл.