Експертите ја решија вечната дилема: Еве дали треба да ја миете косата навечер или наутро

popara30 јануари, 20241min00

Ако сакате вашата коса да изгледа секогаш негувана и сјајна, експертите велат дека е многу важно дали ќе ја измиете наутро или навечер.

 

 

 

Стилистите Џејми Бацел и Кристин Науро велат дека е многу подобро да ја миете косата наутро, и нагласуваат дека кога го направите тоа навечер, може да ја оштетите косата, пишува Insider.com.

 

Ако ја миете косата пред спиење, веројатно сте забележале дека изгледа помрсна наутро.

 

Сепак, стилистите нагласуваат дека тоа е само илузија, бидејќи косата само изгледа мрсна.

 

Ако си легнете со недоволно исушена коса, триењето од перницата ќе ја сплеска вашата коса многу повеќе отколку кога ја сушите на вообичаен начин, поради што нема волумен и затоа ќе изгледа мрсно. Гледано на долг рок, спиењето со влажна коса може значително да ја оштети косата, бидејќи косата ќе стане многу позаплеткана и и ќе се трие од перницата, што може да предизвика пукање на врвовите. За тоа особено треба да се грижат за луѓето со послаба и почувствителна коса, па спиењето со влажна коса не е добра идеја за нив, велат стилистите.

 

Меѓутоа, ако сепак инсистирате на миење на косата пред спиење, потрудете се да ги направите овие шест работи:

 

  • Користете што е можно поблаг шампон што ќе го исчисти скалпот без иритација.
  • Избегнувајте тешки регенератори со восок или силикон, бидејќи тие само ќе ја зголемат количината на себум.
  • Прво, исушете ја косата со сува крпа неколку минути за да го впиете вишокот на влага.
  • Нежно исчешлајте ја косата пред спиење за да спречите влажната коса да се заплетка во текот на ноќта.
  • Користете средство за зголемување на волуменот, нанесувајќи го производот на коренот на косата пред спиење.
  • Користете постелнина од свила или сатен. Косата нема да се заплетка или оштети на овие материјали.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag