Ви треба:
1 кг цвекло, сок од еден лимон
½ кг моркови
3 портокали
3 јаболка
1 килограм мед
Подготовка:
Морковите, јаболката и цвеклото исчистете ги и ставете ги во соковник. Исцедете ги лимонот и портокалот и потоа додадете го нивниот сок во соковникот. Откако ќе ги исецкате сите состојки, сипете го напитокот во длабок сад, додадете мед и сè добро измешајте. Подготвениот еликсир можете да го поделите на помали шишиња. Најдобро е да се пие секое утро на празен стомак, половина чаша.
Цвеклото ја добива својата светло-црвена боја од беталаин – антиоксиданс растворлив во вода. Содржи и други флавоноиди и полифенолни соединенија, кои може да имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства.