ЕСЕНСКО ЛАТЕ: Ароматичен пијалок кој има посебен шмек и ќе ве стопли за секунда

popara3 октомври, 20241min00
101872_shutterstock-2373963771_f

Потребно е:

За сирупот:

180 гр шеќер
360 ml вода
6 стапчиња цимет
1 лажичка мелено каранфилче
1 лажичка мелен ѓумбир
2 лажички мелено морско оревче
4 лажички пире од тиква

За кафето:

240 мл млеко
1 еспресо или 30 мл појако кафе
3 лажички сируп
шлаг
цимет

Подготовка:

Во тенџере измешајте ги шеќерот и водата и загрејте ги додека не зоврие. Додадете цимет, каранфилче, ѓумбир, морско оревче и пирето од тиква, па варете уште 20 минути на средна температура. Процедете го сирупот низ газа во чисто шише, па оставете го да се излади. Загрејте го млекото на шпорет и направете кафе. Сирупот и кафето истурете ги во шолјата и убаво измешајте. Истурете топло млеко. На крај украсете го кафето со шлаг и посипете го со цимет. Уживајте во вашиот топол пијалок!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag