Желатинот и кафето се одлични за подочници – направете маска

popara11 септември, 20241min00
Маска за подочници

Перничињата со кофеин ќе ја подобрат циркулацијата и ќе спречат појава на ситни брчки, а можете да ги направите сами дома. Ќе ви требаат желатин,мелено кафе и топла вода.

Маските за пределот околу очите во последно време стануваат се попопуларни, особено оние во вид на перничиња кои се лепат за лицето. Ваквите маски често доаѓаат со пластична амбалажа во која има слотови за маски за еднократна употреба, кои ги фрламе штом ги залепиме перничињата на лицето. Но, не ги фрлајте тие амбалажи, искористете ги и направете сами маски за пределот околу очите.

Имено, кофеинот е моќен антиоксиданс кој делува против слободните радикали кои се едни од најголемите причинители за стареење на кожата. Исто така, ја подобрува циркулацијата на кожата и ја извлекува водата, така што брзо добиваме чувство на затегнатост и свеж изглед.

За да ги направите овие перничиња за подочници, потребни ви се:

-Желатин

-Мелено кафе

-Топла вода

Во сад се става една лажица желатин и додадете две лажици топла вода, една лажица сварено кафе(кое претходно сте го подготвиле без засладувачи) и половина лажичка мелено кафе.

Добро измешајте, истурете во калапи и ставете во фрижидер 10-15 минути. По употреба, добро измијте го лицето и внимавајте состојките да не ви навлезат во очите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag