Знаеме дека шолја силно кафе е токму она што ќе ве „освежи“ наутро, но дали знаевте дека може да ви го разбранува и сексуалниот живот?
Новиот тренд на „TikTok“ ги натера жените да пијат еспресо со надеж за подобар оргазам.
Сексологот Надја Бокоди (34) од Австралија сакала да се обиде и самата, па јавно го сподели своето искуство.
„Испив двојно еспресо пред да наместам полна брзина на мојот вибратор. Дозволете ми да објаснам…“, напиша таа во својата објава.
Секс совет од „TikTok“ вели дека ако пиете кафе непосредно пред да се впуштите во секс или мастурбација, можете да очекувате да уживате во оргазмот поквалитетно од најквалитетното пакување органско кафе Арабика.
Кофеинот е вазодилататор, што значи дека предизвикува проширување на крвните садови и потоа дозволува повеќе крв да тече низ нив. Ова е причината зошто луѓето пијат кафе наутро или во текот на денот, кога чувствуваат дека им треба повеќе енергија.